Квалитетна љубовна врска

Стабилна врска помеѓу партнерите е онаа во која двата си ги прифаќаат и сопствените и несовршеностите на партнерот, спремни се заедно да растат и да станат подобра верзија од себе.
Настрана од тоа дека таквата стабилна врска се темели на љубов, доверба, разбирање, почит, има уште неколку важни нешта кои им се потребни на мажите за да бидат сигурни дека покрај себе ја имаат вистинската партнерка.
Во јавноста помалку се зборува за нив.
Мажите сакаат да се слободни, да не се контролирани од партнерката, да имаат жена покрај себе која нема да е опседната со него и да нема потреба да е постојано во негова близина.
Исто многу битно им е да знаат што точно мисли и чувствува нивната партнерка, да не треба да погодуваат или да читаат мисли, бидејќи тоа многу тешко им оди. Развивање на емоционална интелигенција, слушање и искажување на чувствата се квалитети кои не се многу присутни кај мажите, но за тоа ќе пишувам во некоја наредна прилика, а има многу да се напише, верувајте.
И последно, но исто толку важно колку и претходните, а тоа е да се сигурни дека партнерката е со нив поради нив самите, од љубов, а не поради некаква потреба или материјална зависност.
Ако вие сакате да имате добра комуникација со партнерот, секогаш кажувајте му што мислите, што чувствувате, што сакате тој да направи, за да немате недоразбирања.
Исто, прашувајте го почесто како се чуствува и внимателно слушајте го. Потребна му е вашата заинтересираност и разбирање за неговите чувства и мисли.
Во наредната објава ќе имате можност да прочитате кои се нештата кои ја уништуваат врската и прават заладени односи меѓу партнерите, но и неколку начини како да го подобрите таквиот однос доколку е присутен во вашата врска.

Updated: 27th November 2023 — 06:43