Емоционална интелигенција и вештини за нејзино развивање

Емоционалната интелигенција е способност за препознавање, разбирање и управување со сопствените емоции, како и со емоциите на другите. Тоа е клучна вештина која може да им помогне на поединците да се движат низ социјалните ситуации, да градат силни врски и да постигнат успех и во лични и во професионални услови.
За да станете емоционално поинтелигентни развијте ги следните вештини.
Поголема свесност за емоциите кои доминираат кај вас во текот на денот. Потребно ви е одвојување време за размислување за сопствените емоции, мисли и однесувања и разбирање како тие влијаат на другите. Ова може да се направи преку пишување дневник.
Размислете и за идејата дека вие не сте вашите емоции. Наместо “Јас сум тажна” кажете ” Јас се чувствувам тажно”.
Не се идентификувајте со емоциите кои ги чувствувате. Тие емоции само поминуваат низ вас, и ако си дозволите свесно да ги почувствувате тие ќе траат 15 – 20 минути, но кога им давате отпор тие растат и остануваат во вашето тело. Ова се однесува и на емоциите кои се на висока фреквенција како радост, љубов, задоволство, но и за оние на ниска фреквенција како што се лутина, страв, тага.
Следно важно е да развиете емпатија. Да се ставите во кожата на друга личност и да ја разберете нивната перспектива за одредена ситуација.
За развивање на емпатија најдобро е активно слушање на другите, а не само слушање за да одговорите. На тој начин ќе ги разберете другите што навистина мислат, чувствуваат и сакаат да ви кажат.
Друга битна вештина која треба да ја совладате е, да научите како да управувате со сопствените емоции. Ова вклучува препознавање кога некој се чувствува преоптоварен или под стрес и преземање чекори за регулирање на тие емоции. Ова може да се направи преку длабоко дишење, медитација или правење на активност која ви носи радост и релаксација.
И за крај важно е да се развијат одлични комуникациски вештини како способност да се изразите јасно и ефективно, а истовремено да може да ги слушате другите и да им одговорите на смирен и културен начин.
Во продолжение издвоив неколку афирмации кои можете да ги користите во секојдневието за побрзо и полесно да ја развиете емоционалната интелигенција.
-Свесна сум за моите емоции.
-Ги забележувам промените на расположението кај себе и кај другите.
-Јас управувам со моите емоции.
-Ја преземам одговорноста за тоа како реагирам на работите што ми се случуваат бидејќи го ценам мојот внатрешен мир.

Updated: 17th December 2023 — 15:05