
Апатијата е психолошка состојба карактеризирана со незаинтересираност за животот и рамнодушност кон околниот свет. Зборот има грчко потекло и неговиот буквален превод е без емоции.
Постојат повеќе психолошки болести кои ја предизвикуваат апатијата: шизофренија, депресија, деменција и слично. Сепак, тоа што е загрижувачки е што во последните години, поголемиот дел од луѓето кои се апатични, не страдаат од некоја од горенаведените болести.
Се почесто апатијата се појавува како одбранбен механизам кој ги заштитува нашите емоции, како кожурец кој ја чува душата од константното бомбардирање со информации од околината. Апатијата денес е предизвикана од доживеаните трауми, од емоционална потрошеност, од негативните вести со кои не бомбардираат медиумите, од културата и од виртуелната (не)реалност прикажана од социјалните мрежи.
Но длабоко внатре, изворот на апатијата е чувството на небитност, изолираност и немоќ; свесноста дека не може да се стори ништо за да се променат работите на подобро во овој корумпираниот систем воден од желбата за моќ, изграден да ги штити интересите на малкумина.
Со следната објава ќе ги разгледаме последиците од долгорочната состојба на апатија, но ќе ги поставиме и можните решенија за соочување со оваа состојба. Решенија кои поаѓаат од индивидуалецот, а можат да се постигнат со психолошко и спиритуално работење на себе.
Автор:
Софија Лазареска